Македонија

ЗАСТАРЕ ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ ЛАТАС ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ: Обвинителството се откажало од обвинителниот акт за „Тотал“

Предметот „Тотал“ против Драган Павловиќ-Латас заврши откако Обвинителството се откажало од обвинението, а за дел од обвинетите настапила апсолутна застареност.

ЗАСТАРЕ ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ ЛАТАС ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ: Обвинителството се откажало од обвинителниот акт за „Тотал“

Застаре предметот против Латас

Застаре предметот против Латас, „Тотал“ на поранешното Специјално јавно обвинителство, во кој новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица беа обвинети за даночно затајување, заврши со одбивање на обвинението. Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека надлежниот јавен обвинител целосно се откажал од обвинителниот акт, по што Судот донел пресуда со која обвинението се одбива.

Постапката траела од 2017 година

Судската постапка се водела од октомври 2017 година и неколкупати почнувала од почеток поради промена на надлежноста и префрлање на предметот од едно во друго обвинителство. На последното рочиште, обвинителот во завршниот збор се откажал од натамошно гонење на обвинетите, откако претходно направил измени во обвинителниот акт врз основа на вештиот наод и мислење.

Настапила апсолутна застареност

Според соопштението на Судот, за две од обвинетите правни лица не биле исполнети законските елементи за кривичното дело даночно затајување. За третото правно лице и за Латас, пак, во меѓувреме настапила апсолутна застареност на кривичното гонење. Пресудата била донесена на 27 мај 2026 година, а станала правосилна на 25 јуни, додека решенијата за трошоците на странките веќе се изготвени.

Извор: Плусинфо