Хроника

ПАЛЕЛ СУВА ТРЕВА ВО ПРИЛЕПСКО: Приведен 38-годишен албански државјанин

38-годишен албански државјанин бил затекнат како пали сува трева во атарот на Житоше. Пожарот бил изгаснат, а против него ќе биде поднесена пријава.

ПАЛЕЛ СУВА ТРЕВА ВО ПРИЛЕПСКО: Приведен 38-годишен албански државјанин

Затекнат како пали трева во атарот на Житоше

Албански државјанин на возраст од 38 години бил лишен од слобода откако бил затекнат како пали сува трева на отворено во прилепско. Според информациите од полицијата, случајот се случил на 23 октомври, околу 14:20 часот, на местото викано „Коливади“, во атарот на селото Житоше. Полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го затекнале М.Џ. како пали сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а за настанот бил известен и јавен обвинител. Осомничениот бил предаден во ОВР Прилеп.

Ќе биде пријавен за предизвикување општа опасност

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик, за кривично дело „Предизвикување општа опасност“.