Македонија
Дознај прв
ЗАТЕКНАТИ КАКО ПОДМЕТНУВААТ ПОЖАРИ: Уапсени две лица во Битола и Прилеп

Две лица се лишени од слобода откако биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 14 август во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 39-годишниот Е.К. од Битола. Тој бил затекнат на улицата „Јорго Костовски“, на местото викано „Тепсија“, додека предизвикувал пожар на отворен простор. Претходно, на 13 август во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Ч. од Прилеп.
Тој исто така бил затекнат при предизвикување пожар на отворен простор, на местото викано „Падарица“. Кај него била пронајдена и запалка. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.
