Свет

(ВИДЕО) ПАРИЗ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВИ ПРОТЕСТИ: Бизнисите ги заштитуваат излозите со дрвени плочи и метални конструкции

(ВИДЕО) ПАРИЗ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВИ ПРОТЕСТИ: Бизнисите ги заштитуваат излозите со дрвени плочи и метални конструкции

Француските трговци преземаат различни мерки за да ги заштитат своите бизниси пред протестите најавени за 24 октомври. Во Париз, на авенијата „Шанзелизе“ и во други делови од градот, на излозите се поставуваат заштитни плочи и прегради. Во други градови, меѓу кои Бордо и Марсеј, дел од трговците ги празнат продавниците и ги отстрануваат залихите, додека некои ангажираат дополнително обезбедување. Подготовките следуваат по минатонеделните протести, за време на кои беа оштетени и ограбени бројни продавници. На фотографиите од Париз се гледаат обезбедени филијала на „Сосиете Женерал“ и продавници на познати брендови. Трговците се обидуваат да спречат нови штети и да го заштитат имотот во пресрет на демонстрациите.