Македонија

ПРОМЕНЛИВО, ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО: Дожд и силен северен ветер денеска низ Македонија

Променливо облачно и посвежо време на 27 октомври. Се очекуваат локални врнежи од дожд, снег на повисоките планини и северен ветер над 60 km/h.

ПРОМЕНЛИВО, ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО: Дожд и силен северен ветер денеска низ Македонија

Времето денеска (27 октомври) ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд во северните делови од земјата. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места повремено ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.

Температурите наутро ќе се спуштат под нулата

Утринските температури во делови од земјата ќе се движат и под нулата, со минимални -3 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат до 17 степени. Во поголем дел од земјата дневната температура ќе биде меѓу 9 и 14 степени.

Во Скопје попладне можен дожд

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо, а попладне во делови од котлината се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, додека температурата ќе се движи од 3 степени наутро до 14 степени во текот на денот.