Македонија

(ВИДЕО) ДЕРЕЊЕ И КАРАЊЕ НА КЛИНИКА: Маја Дукова објави видео од хаосот – чекате со часови и на крај пак не завршувате работа

(ВИДЕО) ДЕРЕЊЕ И КАРАЊЕ НА КЛИНИКА: Маја Дукова објави видео од хаосот – чекате со часови и на крај пак не завршувате работа

Планинарката Маја Дукова сподели видео од Клиника на кое се слушаат дерење и расправии, а во својата објава опишува хаос во лабораторијата, долги редици и непочитување на редот. Таа сведочи дека го чекала бројот 141, додека на екранот сè уште се покажувал бројот 90, а во меѓувреме постојано се појавувале луѓе кои се обидувале да завршат работа преку ред.

Според неа, ситуацијата ескалирала кога еден маж се обидел да провери како се одвива редот, по што било повикано обезбедување, а вратата била заклучена. Дукова реагира дека пациентите губат часови чекајќи здравствена услуга, додека организацијата и контролата на редот остануваат проблем. Таа посочува дека многумина доаѓаат од други градови, стануваат рано и патуваат со часови, но и покрај тоа не успеваат да ја завршат работата. Самата вели дека морала да замине на работа без да заврши, па следното утро ќе мора повторно да оди на Клиника.

„Не бараме привилегии. Бараме ред, организација, почит и еднаков третман“, порачува Дукова, упатувајќи ја својата реакција и до Министерството за здравство.

Погледнете го видеото на Маја Дукова: