Македонија
Дознај прв
Струмичкиот затвор доби лулашки и лизгалки
Во дворот на струмичкиот затвор се поставени лулашки, лизгалки и детски реквизити за најмладите кои ги посетуваат своите најблиски.

Дворот на струмичкиот затвор е уреден со детски играчки и реквизити, наменети за најмладите кои доаѓаат на посета кај своите родители и членови на семејството што издржуваат затворска казна. Во просторот се поставени лулашки, лизгалки и други реквизити со цел децата да имаат попријатен престој додека ги посетуваат своите најблиски. Од Управата за извршување на санкции информираат дека иницијативата произлегла од барањата на родителите и нивните семејства, кои укажале на потребата од посебно катче за децата.
Лукашки и детски реквизити за најмалите посетители
Со уредувањето на детското катче, установата настојува да создаде попријатна атмосфера за најмладите посетители и да им овозможи посодржаен престој за време на семејните посети. Активностите се дел од континуираното уредување на дворната површина на затворот, со цел подобрување на условите за осудените лица и нивните посетители.

