Регион

ИЗВИКУВАЛ „АЛАХУ АКБАР“ И ИЗВАДИЛ НОЖЕВИ ПРЕД ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД: Напаѓачот е убиен во самоодбрана

Малолетник со ножа нападнал пред израелската амбасада во Белград, извикувајќи „Алаху Акбар“. Србија го подигна нивото на терористичка закана

ИЗВИКУВАЛ „АЛАХУ АКБАР“ И ИЗВАДИЛ НОЖЕВИ ПРЕД ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД: Напаѓачот е убиен во самоодбрана

Малолетник нападнал припадник на српската Жандармерија со два ножа пред израелската амбасада во Белград, извикувајќи „Алаху Акбар“, соопшти министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Според него, полицаецот го неутрализирал напаѓачот во самоодбрана, при што се здобил со исеченица на лицето.

Безбедносните служби го следеле напаѓачот

Дачиќ изјави дека безбедносните служби го следеле напаѓачот, за кого постојат информации дека бил поддржувач на „Исламската држава“ и на својот профил на Инстаграм имал истакнато црно знаме и амблем на организацијата.

Белград и Србија го подигна нивото на терористичка закана на црвено

По инцидентот, кој српските власти го окарактеризираа како терористички напад, нивото на терористичка закана во Србија е подигнато на највисоко, црвено ниво. Тоа подразбира засилен надзор и зголемено полициско присуство на локации од посебно безбедносно значење, вклучително и инфраструктурни објекти и места со голем број граѓани. Дачиќ соопшти дека повредениот припадник на Жандармеријата е во добра состојба и се очекува да биде пуштен на домашно лекување. Истрагата е во тек, а идентитетот на напаѓачот сè уште не е официјално утврден.