Македонија

СЛОВАЧКИОТ МИНИСТЕР СО ПОФАЛБИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Бланар ја поздрави посветеноста на Владата на реформите и евроинтеграцијата

Словачкиот министер Јурај Бланар ја пофали посветеноста на македонската Влада на реформите и порача дека ЕУ не смее да применува двојни стандарди.

СЛОВАЧКИОТ МИНИСТЕР СО ПОФАЛБИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Бланар ја поздрави посветеноста на Владата на реформите и евроинтеграцијата

Јурај Бланар – словачкиот министер за надворешни и европски работи,, ја пофали посветеноста на македонската Влада на реформите и европската интеграција, нагласувајќи дека процесот на проширување на Европската Унија треба да се одвива според еднакви критериуми за сите земји кандидати. На заедничката прес-конференција во Скопје со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, тој порача дека Словачка се противи на двојни стандарди во пристапот кон членството во ЕУ.

Бланар: Европската интеграција мора да се заснова на еднакви критериуми

„Не можеме да прифатиме европска интеграција која е поставена на европски стандарди, а има различни критериуми за различни држави“, изјави Бланар, посочувајќи ги Украина, Молдавија и Грузија како примери во контекст на проширувањето. Тој оцени дека македонската Влада е мотивирана и посветена на спроведувањето на реформите потребни за евроинтегративниот процес. Според него, постои политичка волја процесот да се доведе до крај, што претставува можност за исполнување на европските цели на земјата.

Муцунски ја истакна поддршката од Словачка

Муцунски посочи дека со словачкиот колега разговарале за унапредување на билатералните односи, европската интеграција и економската соработка, со акцент на трговијата и отворањето можности за нови инвестиции. Тој ја истакна континуираната поддршка што Словачка ѝ ја дава на Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, и преку билатерални контакти и во мултилатерални формати. Посетата на Бланар во Скопје доаѓа во период кога прашањето за еднакви критериуми во процесот на проширување останува значајно за европските аспирации на Македонија.