Скопје

СКОПЈАНИ СОЗДАВААТ НАЈМНОГУ ОТПАД: Секој Македонец лани произвел по 417 килограми ѓубре

Комунален отпад во Македонија лани изнесувал 417 килограми по жител, а најмногу отпад е создаден во Скопскиот регион.

СКОПЈАНИ СОЗДАВААТ НАЈМНОГУ ОТПАД: Секој Македонец лани произвел по 417 килограми ѓубре

Секој жител на Македонија минатата година во просек создал по 417 килограми комунален отпад, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Најголемо количество отпад е создадено во Скопскиот регион, каде се регистрирани 165.257 тони комунален отпад. Зад него следува Полошкиот регион со 98.286 тони, а потоа Југозападниот регион со 69.441 тон.

Според податоците, најмалку отпад е создаден во Вардарскиот регион, каде се регистрирани 47.607 тони.

Вкупно собраниот комунален отпад во земјава лани изнесувал 630.422 тони, што претставува зголемување од 1,3 проценти во споредба со претходната година.

Најголем дел од отпадот, дури 84,6 проценти, завршил на депонии. Рециклирани биле 4 проценти, компостирани 1,3 проценти, а 5 проценти биле преработени механички.

Податоците уште еднаш го отвораат прашањето за управувањето со отпадот, рециклирањето и навиките на граѓаните, особено во урбаните средини каде што се создава најголемото количество ѓубре.