Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ПРЕД СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Тензии меѓу навивачи, блокиран булевар за време на кошаркарски меч

Инцидент се случил вечерва пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде се игра кошаркарскиот натпревар меѓу КК Скопје и КК Работнички. Според информациите кои стигнаа до нашиот медиум и за кои објавуваат жители на Општина Аеродром, пред салата се собрала поголема група луѓе, присутна е полицијата, а булеварот бил блокиран. Во инцидентот има и повредени лица, но засега нема официјални информации за нивната состојба и околностите под кои настанале повредите.
Гостинските навивачи на Работнички, „Сити Парк Бојс“ во моментов се присутни во салата, но влегле дури во второто полувреме. Неофицијално, се работи за инцидент меѓу навивачки групи. Жителката Наташа Петровска Дургутов објави видео од местото, на кое се гледаат голем број луѓе и полициски службеници. Засега нема официјална потврда за причините и текот на инцидентот.
View this post on Instagram
