Македонија
Дознај прв
ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА 3,98% ДО 9 ЧАСОТ: Граѓаните гласаат во вториот круг за градоначалник
Во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот гласале 646 граѓани, односно 3,98 проценти од запишаните избирачи.

Гласањето во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница е во тек. Според информацијата објавена од „Нетпрес“, до 9 часот излезноста изнесувала 3,98 проценти.
Според податоците на Државната изборна комисија, во првиот круг, одржан на 18 октомври, до 9 часот гласале 400 граѓани, односно 2,46 проценти од избирачите. Тоа значи дека во вториот круг утринската излезност е повисока за 1,52 процентни поени. Најголем одзив до 9 часот е регистриран на избирачкото место 2037, со 8,7 проценти, додека најмал на избирачкото место 2048, со 1,25 проценти.
Радичевски и Јахиџи во трката за градоначалник на Општина Брвеница
Во вториот круг граѓаните избираат меѓу Стојанчо Радичевски, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Аркин Јахиџи од Националната алијанса за интеграција. Право на глас имаат 16.256 избирачи, кои гласаат на 24 избирачки места. Избирачките места беа отворени во 7 часот, а од ДИК информираат дека гласањето засега се одвива во мирна атмосфера. Следниот пресек на излезноста е најавен за 11:30 часот.
