Магазин

Што имаше изјавено Мишо Ковач за македонската публика?

Што имаше изјавено Мишо Ковач за македонската публика?

Мишо Ковач, кој почина синоќа на 85-годишна возраст, во едно интервју за македонскиот портал Off.net.mk во 2018 година говореше со посебна почит за Македонија и македонската публика.

„Македонците ме прифаќале отсекогаш, дури и на почетокот на мојата кариера, кога не бев ѕвезда“, изјавил Ковач, додавајќи дека секогаш со радост настапувал пред македонската публика и дека бил сигурен оти концертите во Македонија ќе поминат добро.

Како знак на благодарност за љубовта и почитта што ги добивал од македонската публика, Ковач открил дека ја препеал македонската народна песна „Калеш Анѓа“. Притоа, побарал од своите соработници да му ја пронајдат песната во изведба на легендарната Нина Спирова, која ја нарекол најдобрата македонска пејачка на сите времиња.

Неговите зборови се потсетник на посебната врска што ја имал со македонската публика, но и на почитта што ја негувал кон македонската музика и нејзините легенди.

ОЗНАКИ: мишо ковач