Регион
Дознај прв
Почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач

На 85 години во Сплит почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач. Веста ја потврдил семеен пријател за хрватскиот портал „Тпортал“. Роден е на 16 јули 1941 година во Шибеник, а зад себе остава повеќедецениска музичка кариера. Ковач важеше за еден од најпопуларните пејачи во Хрватска и поширокиот регион, препознатлив по својот глас и емотивните изведби.
Меѓу најпознатите песни на Мишо Ковач се „Остала си увијек иста“, „Пољуби земљу“, „Ако ме оставиш“ и „Сви пјевају, ја не чујем“. Во неговата кариера продал над 20 милиони плочи и добил огромен број награди за својата работа. Неговите песни станаа дел од музичкото наследство на Хрватска и беа слушани од повеќе генерации. Со неговата смрт заминува едно од најпрепознатливите имиња на музичката сцена во регионот.
Песната „Остала си увијек иста” ја имаше препеано и нашиот Тоше Проески, па затоа стана особено популарна и кај помладите генерации во Македонија.
