Скопје

(ВИДЕО) ДИВА ДЕПОНИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ: Купишта отпад веднаш покрај автопатот кај Инџиково и Хиподром

(ВИДЕО) ДИВА ДЕПОНИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ: Купишта отпад веднаш покрај автопатот кај Инџиково и Хиподром

Голема дива депонија се создава на влезот и излезот од Скопје, кај мостот помеѓу населбите Инџиково и Хиподром. На локацијата, веднаш покрај автопатот, може да се забележат големи количества расфрлан отпад. Меѓу ѓубрето има пластични шишиња, пластика, картонски кутии, душеци и друг вид отпад.

Глетката е особено впечатлива бидејќи станува збор за една од сообраќајните точки преку кои се влегува и излегува од главниот град. Отпадот е расфрлан непосредно до патот помеѓу населбите Инџиково и Хиподром, на место кое е видливо за возачите што поминуваат таму. Видеото ја покажува состојбата на оваа локација и отвора прашање за потребата од чистење на просторот.

Погледнете го видеото кое екскузивно пристигна до нашата редакција.