Хроника

УАПСЕНИ ТРОЈЦАТА НАПАЃАЧИ ВО ЧЕНТО: Малолетник бил нападнат и повреден во парк

Напад во Ченто: уапсени се тројца осомничени за напад врз малолетник, а МВР најавува кривична пријава.

УАПСЕНИ ТРОЈЦАТА НАПАЃАЧИ ВО ЧЕНТО: Малолетник бил нападнат и повреден во парк

МВР ги приведе осомничените

Полицијата ги лиши од слобода тројцата осомничени за нападот врз малолетник во Ченто. Според информациите од МВР, станува збор за Ј.Ј., В.А. и В.С. од Скопје, кои на 22 јуни околу 23:05 часот на подрачјето на Гази Баба физички нападнале малолетно лице и му нанеле повреди со остар предмет. Со нив биле извршени службени разговори, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено по сведоштвото на семејството на повредениот тинејџер.

Семејството бара одговорност

Според објавените информации, четиринаесетгодишникот бил излезен во Ченто со свои братучеди, по што бил повикан да се најде во парк. Таму бил нападнат од три лица, а по инцидентот случаен минувач повикал брза помош и полиција. Мајката на детето изјави дека семејството не се чувствува безбедно и побара случајот да биде целосно расчистен од надлежните институции. Малолетникот е пуштен дома, но семејството вели дека и понатаму живее во страв.

ОЗНАКИ: ченто