Скопје
Дознај прв
ЦУК апелира: Граѓаните да пријават штети по вчерашното невреме во Скопје
Граѓаните кои претрпеле штети од вчерашното невреме во Скопје да поднесат барања за проценка на штети до надлежните институции.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека во Скопје се регистрирани последици на повеќе критични точки, при што како најпогодени подрачја се издвојуваат општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром
Граѓаните што претрпеле материјални штети од вчерашното невреме, веднаш да поднесат барања до матичните општинските комисии за процена на штети, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Овие комисии, додаваат оттаму, во најбрз рок ќе излезат на терен за да извршат увид и официјална проценка на настанатите оштетувања врз имотот.
Од ЦУК денеска излегоа со податоци од пријавите што биле поднесени по силното невреме и обилните врнежи од дожд што вчера го зафатија Скопје и околината. Преку Единствениот број за итни повици 112 и надлежните институции се регистрирани голем број пријави за поплави и оштетување на инфраструктурата.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека во Скопје се регистрирани последици на повеќе критични точки, при што како најпогодени подрачја се издвојуваат општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром.
Според податоците од извештајот, во Скопје биле поплавени два подвозници, три кружни текови и повеќе од осум сообраќајни улици, што предизвикало отежнато движење и сообраќаен колапс на повеќе од 10 локации низ градот.
