Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) НАД 1.000 КРАВИ СЕ ДВИЖАТ СЛОБОДНО НИЗ КРИВА ПАЛАНКА: Општината бара 30-дневна кризна состојба
Општинскиот кризен штаб бара 30-дневна кризна состојба поради над 1.000 крави кои предизвикуваат штети во Крива Паланка.

Општинскиот кризен штаб на Крива Паланка бара од Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба поради неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен добиток. Животните слободно се движат низ општината и предизвикуваат штети на земјоделските насади, но и на приватниот и општинскиот имот. Локалните власти бараат итна реакција од надлежните институции за решавање на проблемот кој трае подолг период.
АХВ доби рок од седум дена за оперативен план во Крива Паланка
Од Агенцијата за храна и ветеринарство е побаран оперативен план во рок од седум дена за спроведување на правосилните решенија од 2024 година, со кои е предвидено одземање на животните. Доколку Агенцијата не постапи, Општината и оштетените граѓани најавуваат поднесување кривична пријава.
Ќе се евидентираат сите предизвикани штети
Во меѓувреме, ќе биде формиран единствен регистар во кој ќе се евидентираат штетите предизвикани од добитокот. Регистарот треба да послужи како основа за заедничка судска постапка преку која оштетените граѓани ќе бараат обесштетување.
View this post on Instagram
