Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ПРЕКРАСНА ГЛЕТКА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Над 20 фламинга забележани
Повеќе од 20 фламинга се забележани во Охридското Езеро, кај албанскиот град Поградец. Птиците најверојатно застанале на краток одмор.

Повеќе од 20 фламинга се забележани во Охридското Езеро
Повеќе од 20 фламинга се забележани во водите на Охридското Езеро, во близина на брегот на албанскиот град Поградец. Фотографии од прекрасните птици и годинава се споделуваат на социјалните мрежи, привлекувајќи внимание кај љубителите на природата. Се претпоставува дека групата фламинга застанала на езерото за краток одмор за време на своето движење.
Фламинга не се гнездат во Македонија
Иако не се гнездат на територијата на Македонија, фламингата повеќепати биле забележани при прелет над нашата земја. Нивното присуство е регистрирано и во минатото, а првите податоци за овие птици кај нас датираат од 90-тите години.
