Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ЗАГРИЖУВАЧКИ ПАД НА ВОДОСТОЈОТ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Само 4 сантиметри над минималното ниво, сувиот брег се шири
Водостојот на Охридското Езеро падна на 693,14 метри, само 4 сантиметри над минималната кота. Сувите површини се шират покрај охридскиот кеј.

Водостојот на Охридското Езеро продолжува да се намалува, а сувите површини покрај брегот се шират и кон централното градско подрачје. Доколку продолжи ваквиот тренд, нов сув дел би можел да се појави на потегот од пристаништето до хотелот „City Palace“. Според последните официјални податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), објавени за 22 октомври, нивото на езерото изнесува 693,14 метри надморска височина. Тоа е 17 сантиметри под октомврискиот просек и само четири сантиметри над минимално дозволената кота од 693,10 метри.
Сувиот дел се шири покрај охридскиот кеј
Во моментов сувата површина се протега од просторот пред кафе-барот „Октава“, покрај продавницата на „Топ Шоп“, речиси до хотелот „City Palace“. Податоците покажуваат дека намалувањето на водостојот трае со месеци, а особено изразен пад бил регистриран во август и октомври. Меѓу 9 и 10 октомври нивото се намалило за 16 сантиметри, достигнувајќи ја котата од 693,17 метри надморска височина.
Врнежите може привремено да го ублажат проблемот
Според најавите на УХМР, во наредниот период се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а пообилни врнежи се најавени за недела и почетокот на следната седмица. Во одделни котлини ќе има услови за утринска магла, додека ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец. Сепак, по најавениот дожд се очекува повторно стабилизирање на времето и период без врнежи, што може дополнително да го отежне закрепнувањето на водостојот.
