Дознај прв
(ВИДЕО) ТЕПАЧКА ВО ЕРМЕНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Пратениците од власта и опозицијата се степаа
Масовна тепачка меѓу пратеници од власта и опозицијата ја прекина седницата во Ерменија. Има повредени, а премиерот Пашинјан ја обвини опозицијата.

Масовна тепачка меѓу пратеници од владејачката партија „Граѓански договор“ и опозициската „Силна Ерменија“ утрово ја прекина седницата на Националното собрание на Ерменија. Во инцидентот имало повредени пратеници, а во парламентот пристигнало и амбулантно возило, објави „Ерменијан репорт“. Пресметката започнала по вербална расправија меѓу владиниот претставник Тарон Чахојан и опозицискиот лидер Нарек Карапетјан, по што пратениците станале од клупите и започнале физички да се пресметуваат.
Расправија меѓу власта и опозицијата ескалирала во физичка пресметка
За време на говорот на Чахојан, тој го споменал семејството на Карапетјан и неговото вклучување во политиката, по што следувале дофрлања и остри реплики. Во хаосот биле разменувани удари, а заменик-претседателот на парламентот, Вахагн Алексанјан, фрлил стол кон опозициските пратеници. Претседателот на парламентот, Рубен Рубињан, по неколку минути прогласил пауза и го повикал обезбедувањето да интервенира, но според ерменските медиуми, пресметките продолжиле и во ходниците.
Пашинјан ја обвини опозицијата
Последиците од тепачката биле видливи кај дел од пратениците: Андраник Геворгјан имал крвав нос, додека облеката на Рубен Мхитарјан била искината. По инцидентот, владејачката партија свикала затворена седница, а Рубињан најавил проверка на тврдењата дека парламентарни помошници учествувале во нападите. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан го осудил насилството, но одговорноста за случувањата ја префрлил врз опозицијата, оценувајќи дека реакцијата на владејачката партија била пропорционална и коректна.
View this post on Instagram
