Македонија
Дознај прв
ЗЛАТЕВ БАРА БОГОЈЕСКИ ДА СЕ ОТСТРАНИ ОД ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА: „Како може човек што поддржува семејно насилство да воспитува идни офицери?“

Уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, упати јавен апел до раководството на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ да го преиспита ангажманот на универзитетскиот професор Петар Богојески. Реакцијата следува по контроверзните изјави на Богојески за жените, брачните односи и семејното насилство во телевизиска дебата на Алфа ТВ.
Златев во емисијата „Утринско еспресо“ оцени дека човек со вакви ставови не треба да учествува во образованието на идните офицери на македонската Армија. Тој нагласи дека прашањето не се однесува само на личните ставови на Богојески, туку и на одговорноста на образовните институции кои ги подготвуваат идните припадници на Армијата. Златев најави дека ќе испрати официјално обраќање до деканот на Воената академија и до Наставно-научниот совет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Петар Богојески во 2025 година бил избран во наставно-научно звање доцент во областа економија и бизнис на Воената академија во Скопје.
