Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО БОГДАНЦИ: Две млади лица пронајдени мртви, едното во изгорен автомобил, другото до него

ТРАГЕДИЈА ВО БОГДАНЦИ: Две млади лица пронајдени мртви, едното во изгорен автомобил, другото до него

Трагедија во Богданци. Две млади лица се пронајдени мртви во близина на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село во близина на Богданци. Едното тело, на 21-годишно момче од Богданци, било пронајдено покрај опожарен автомобил, додека второто било откриено во внатрешноста на возилото, објави „Скопје1“.

Случајот бил пријавен на 3 ноември во 18:40 часот, кога лице од Богданци ја известило полицијата дека забележало запален паркиран автомобил и безживотно тело во негова близина. На местото пристигнале полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт кај 21-годишното момче. По гаснењето на пожарот, во автомобилот било забележано уште едно опожарено тело. Според информации на редакцијата на 24часа непосредно пред трагедијата имало кавга.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по наредба на обвинител двете тела се предадени на обдукција. Засега не се познати идентитетот на второто лице, причините за пожарот и околностите под кои настапила смртта.

ОЗНАКИ: богданци
Жан Митрев