Економија
Дознај прв
ПРОМЕНА ОД УТРЕ ВО АЛТА БАНКА – Ќе исплаќа готовина на шалтер
Клиентите на АЛТА банка без платежни картички од 5 ноември ќе можат да подигнат до 20.000 денари на шалтер во Битола, со претходна СМС-покана.

Клиентите на АЛТА банка АД Битола кои немаат платежни картички од утре, 5 ноември, ќе можат да ги подигнуваат своите пари директно на шалтерите во главната филијала во Битола, информираат од Народната банка. За таа намена ќе бидат ставени во функција повеќе шалтери на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, каде што ќе се вршат исклучиво исплати на готовина. Мерката особено се однесува на пензионерите и корисниците на социјална помош кои примаат средства преку сметки во банката. Максималниот износ за подигнување изнесува 20.000 денари по клиент, согласно ограничувањето за повлекување средства во период од две недели.
Исплатите во Алта Банка ќе се вршат со претходна СМС-покана
Клиентите преку СМС-порака ќе добијат известување за точниот ден и час кога треба да се појават во филијалата. Од Народната банка апелираат граѓаните да не доаѓаат без претходна покана, за да се избегнат метеж и непотребно чекање. Од 6 ноември, вклучително и во сабота на 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, а за оние кои нема да можат да дојдат во предвидениот термин ќе бидат обезбедени дополнителни можности.
Се подготвуваат шалтери и во другите градови
На шалтерите ќе се вршат само исплати на готовина, без можност за други трансакции. Во меѓувреме, се подготвува отворање вакви шалтери и за пензионерите и корисниците на социјална помош во другите градови низ државата. Народната банка најавува дека јавноста дополнително ќе биде информирана за деталите.

