Магазин

(ВИДЕО) ЦРВЕН ТЕПИХ И ФИЛМСКА ЕУФОРИЈА: По неколку години пауза, Скопје филм фестивал повторно во градот

По неколку години пауза, Скопје филм фестивал се врати со црвен тепих, наградата „Златна Скополија“ и богата филмска програма до 9 ноември.

(ВИДЕО) ЦРВЕН ТЕПИХ И ФИЛМСКА ЕУФОРИЈА: По неколку години пауза, Скопје филм фестивал повторно во градот

По неколкугодишна пауза, Скопје филм фестивал се врати во главниот град со своето 26. издание. Свеченото отворање се одржа на 4 ноември во Македонскиот народен театар, каде црвениот тепих собра бројни филмски автори, актери и гости од странство. За првпат беше доделена наградата „Златна Скополија“, која им припадна на полските филмски автори Малгожата Шумовска и Михал Енглерт. Фестивалот беше отворен со проекцијата на нивниот филм „Идиот(и)“.

„Златна Скополија“ за полски филмски автори

Годинашното издание носи богата филмска програма, средби со автори и мастерклас-сесии. Доделувањето на новата награда „Златна Скополија“ беше еден од посебните моменти на свеченото отворање, со што фестивалот доби и ново признание за филмските творци.

Фестивал кој трае до 9 ноември

Филмските проекции ќе се одржуваат до 9 ноември во Македонскиот народен театар и киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. По свеченото отворање, фестивалската програма продолжува со филмски проекции и средби со автори во наредните денови.

Жан Митрев