Македонија
Дознај прв
Адам Стојановски е нов студентски лидер на УКИМ

Во тензична атмосфера во средата вечер Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) доби нов претседател. За лидер на студентите е избран Адам Стојановски, кој е студент на Природно-математичкиот факултет.
Адам Стојановски, кој е битолчанец по потекло, а веќе години наназад живее во Скопје освоил 21 глас. Неговиот противкандидат, Никола Манев од Технолошко-металуршкиот факултет, добил само пет гласа. Изборот бил спроведен во тензична и напната атмосфера меѓу противкандидати и делегати на УКИМ. Информацијата за изборот ја објави Универзитетското студентско собрание на УКИМ на социјалните мрежи. Од таму му посакаа успешна работа на новоизбраниот претседател и на целиот состав на Собранието, со надеж за соработка, посветеност и реализација на иницијативи во интерес на студентите.

