Магазин

(ВИДЕО) GTA 6 СО ИСТОРИСКИ РЕКОРД: Над 1,5 милијарди долари заработени пред објавувањето

GTA 6 според проценките веќе генерирала над 1,5 милијарди долари од преднарачки. Новото продолжение доаѓа по 13 години чекање.

(ВИДЕО) GTA 6 СО ИСТОРИСКИ РЕКОРД: Над 1,5 милијарди долари заработени пред објавувањето

милијарди долари приходи од преднарачки, иако сè уште не е достапна за јавноста. Огромниот интерес покажува дека долгогодишното чекање не ја намалило возбудата кај фановите на еден од најпознатите гејмерски серијали. Според податоците на аналитичката компанија „Sensor Tower“, кои ги пренесува CNN, девет дена пред најавеното објавување приходите од преднарачките веќе надминале една милијарда долари. Тоа е речиси двојно повеќе од сумата што „Call of Duty: Modern Warfare II“ ја остварила во истата фаза.

По 13 години пристигнува новото продолжение

Дејството во GTA 6 ќе се одвива во Леонида, фиктивна верзија на американската сојузна држава Флорида, а играчите ќе добијат можност да истражуваат огромен отворен свет, да крадат автомобили, да ограбуваат продавници и да учествуваат во различни криминални активности. Новата игра доаѓа 13 години по претходното големо издание, GTA 5, а неколкуте одложувања на лансирањето не успеаја да го намалат интересот на публиката.

GTA 5 и понатаму носи милијарди

Претходното продолжение, објавено во 2013 година, остана еден од најуспешните наслови во историјата на видеоигрите, особено благодарение на мултиплеер-компонентата „GTA Online“. Редовните ажурирања, новите содржини и можноста за купување виртуелни предмети со вистински пари ја одржуваа играта актуелна повеќе од една деценија. Според проценките пренесени од CNN, само „GTA Online“ генерирала над пет милијарди долари приходи во изминатата деценија. Франшизата GTA се вбројува меѓу најуспешните во светот, заедно со „Tetris“, „Pokémon“ и „Call of Duty“, а за првото место на листата ѝ недостигаат уште околу 40 милиони продадени примероци.

ОЗНАКИ: GTA 6
Жан Митрев