Македонија

ИНЦИДЕНТ НА ГИНЕКОЛОГИЈА: На новороденче му бил повреден палецот при вадење инфузија, ГАК отвора дисциплинска постапка

Татко тврди дека на неговото двoдневно бебе му бил пресечен палецот при вадење инфузија на ГАК. Клиниката потврди повреда и отвори постапка.

ИНЦИДЕНТ НА ГИНЕКОЛОГИЈА: На новороденче му бил повреден палецот при вадење инфузија, ГАК отвора дисциплинска постапка

Двoдневно новороденче било повредено на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, откако при отстранување на фластерот со кој била фиксирана инфузијата му бил пресечен палецот, тврди таткото Аднан Азизи. Тој за Канал 5 раскажал дека инцидентот се случил додека чекал да си ја земе ќерката од болницата, но наместо тоа, по еден час чекање, бил информиран дека бебето е префрлено на Детската хирургија за операција. Според неговото сведоштво, лекарите му соопштиле дека операцијата поминала добро, но дека прстот ќе биде пократок за околу еден сантиметар.

Таткото најавува правна постапка

Азизи вели дека ќе ја преземе целосната документација и најавува дека случајот ќе го бара на суд. Тој тврди дека бил шокиран кога дознал што се случило со неговото новороденче, кое требало да го земе дома.

ГАК потврдува повреда на палецот, формирани комисии

Од ГАК потврдиле дека дошло до повреда на прст кај бебето, но не прецизирале како настанала. Оттаму соопштиле дека новороденчето веднаш било префрлено на Детската хирургија, а случајот е евидентиран како несакан настан. Формирани се внатрешна комисија за квалитет и дисциплинска комисија, а најавена е и седница на Дисциплинската комисија за утврдување на фактичката состојба и индивидуалната одговорност. Од ГАК посочиле дека засега немаат добиено претставка од Министерството за здравство или од Државниот здравствен инспекторат.

Жан Митрев