Свет
Дознај прв
СИ И ПУТИН ОДРЖАА СРЕДБА ПРЕД САМИТОТ: Разговарале за утрешната средба со Трамп
Си Џинпинг и Владимир Путин одржаа одвоена средба пред утрешниот состанок со Доналд Трамп. Се очекува и билатерална средба меѓу Трамп и Путин.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин денеска одржаа одвоена средба, во пресрет на утрешниот заеднички состанок со американскиот претседател Доналд Трамп. На разговорите станало збор и за претстојната средба со американскиот лидер, потврди Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика во Кремљ. Тој за руската новинска агенција „Интерфакс“ изјави дека двајцата претседатели разговарале за средбата со Трамп, но не откри детали од нивниот разговор.
Се очекува и одвоена средба меѓу Трамп и Путин
Според изјавите на Ушаков и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се очекува Трамп и Путин да одржат и одвоена средба на маргините на самитот на АПЕК. Засега не се соопштени детали за темите што би можеле да бидат на дневен ред на разговорите.

