Магазин

НОВАК ЃОКОВИЌ ВО НОВИОТ ФИЛМ СО РОБЕРТ ДЕ НИРО: Српскиот тенисер се појавува во холивудската комедија (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ има кратка сцена во новата холивудска комедија „Дозвола за брак со новите Фокери“, во која играат Роберт Де Ниро и Бен Стилер.

НОВАК ЃОКОВИЌ ВО НОВИОТ ФИЛМ СО РОБЕРТ ДЕ НИРО: Српскиот тенисер се појавува во холивудската комедија (ВИДЕО)
photo - printscreen youtube

Новак Ѓоковиќ се појавува во новата холивудска комедија „Дозвола за брак со новите Фокери“, а неговото појавување веќе привлече внимание. Во кратка сцена, српскиот тенисер му дава час по тенис на Кевин, ликот што повторно го игра Овен Вилсон. Во објавениот клип се појавуваат и Роберт Де Ниро и Тери Поло.

Ѓоковиќ повторно пред филмските камери

Ова не е првпат Ѓоковиќ да се појави во холивудска продукција. Тој имаше кратка улога и во акциониот филм „The Expendables 2“, но неговата сцена не влезе во верзијата што се прикажуваше во кината.

Бен Стилер сега е на другата страна

Новиот филм е четврто продолжение на комедискиот серијал што започна во 2000 година со „Запознајте ги Фокерови“. Овојпат Грег Фокер, кого го игра Бен Стилер, се наоѓа во улогата на загрижен родител, бидејќи неговиот син Хенри сака да се ожени со Оливија, која ја игра Аријана Гранде. Роберт Де Ниро повторно го игра Џек Бернс, кој сега го става Грег на тест со детектор за лаги, додека семејството се собира за неговиот 80-ти роденден. Во приказната, Грег и Оливија се обидуваат да се надмудрат еден со друг.

Жан Митрев