Регион
Дознај прв
КОЈ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРПСКОТО СОБРАНИЕ? Александар Чупиќ избран со поддршка од студентите
Александар Чупиќ е избран за претседател на Собранието на Србија. Докторот на науки и доцент ја доби поддршката од студентите по нивните протести и пешачења.

Александар Чупиќ на 19 ноември е избран за нов претседател на Собранието на Србија, со што стана вршител на должноста претседател на државата до распишувањето и одржувањето на претседателските избори. Истовремено, тој ја презеде и функцијата врховен командант на Војската на Србија. По изборот, Чупиќ го одржа својот прв говор, во кој ги претстави основните принципи врз кои, според него, треба да се темели работата на Собранието. Меѓу нив ги истакна рамноправноста, внимателното слушање на соговорниците, учтивоста и меѓусебното почитување. Тој порача дека дијалогот треба да биде најважното средство за донесување закони и одлуки, а Собранието место каде што ќе се почитува секој пратеник.
Кој е новиот претседател на Собранието?
Чупиќ е доктор на науки и доцент на Сообраќајниот факултет, а покрај академската кариера се занимава и со земјоделство. Со сопругата Ана има шест деца, а семејството живее во Сопот, каде што поседува земјоделски имот на кој произведува органска храна. Во јавноста привлече внимание и поради поддршката што им ја дал на студентите за време на нивните пешачења низ Србија.
Како Александар ја доби поддршката од студентите?
За време на едно од студентските пешачења во студено време, Чупиќ ги засолнил студентите во своите пластеници, ги загреал и им овозможил услови за одмор и подготовка за продолжување на патот. Подоцна им се приклучил и во пешачењето. На предвремените избори бил еден од носителите на Студентската листа, а по изборната победа студентите го предложиле за претседател на Собранието. Тие очекуваат со неговата работа да се врати угледот на институцијата и таа да стане место во кое секој пратеник ќе има рамноправни услови за работа.

