Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО) ХАРДЕН ИСПИША ИСТОРИЈА ВО НБА: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант!
Џејмс Харден постигна 51 поен против Индијана и стигна до 26 натпревари со најмалку 50 поени, надминувајќи го Коби Брајант.

Џејмс Харден одигра фантастичен натпревар и со 51 поен го предводеше Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119 во НБА-лигата. Искусниот бек со овој настап стигна до својот 26-ти натпревар во кариерата со најмалку 50 постигнати поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант. Харден сега се наоѓа на третото место на вечната листа на НБА-кошаркари според бројот на натпревари со 50 или повеќе поени, зад Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан. Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции.
Историски достигнување за Хардeн
Ова беше 26-тиот натпревар со најмалку 50 поени за Харден, кој зад себе го остави Коби Брајант. Пред него на листата се само Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан, кои остануваат недостижни според овој статистички параметар. Харден уште еднаш покажа дека и во оваа фаза од кариерата може да одигра на највисоко ниво.
Најдобар поентерски учинок за Кливленд
Ова беше и неговиот најдобар поентерски учинок откако му се приклучи на Кливленд во февруари. Дополнително, Харден стана шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар, потврдувајќи го својот огромен придонес во победата на Кавалирс.
JAMES HARDEN. 51 POINTS.
IT’S HIS MOST POINTS AS A CAVALIER 🤯
CAVS MOVE TO 2-1 IN EMIRATES NBA CUP GROUP PLAY! https://t.co/twWJ4G70Nk
— NBA (@NBA) November 21, 2026

