Регион

УБИЕН НАВОДНИОТ ВОДАЧ НА ЦЕТИЊСКИОТ ОГРАНОК НА ШКАЉАРСКИОТ КЛАН: Милош Ѓуричковиќ ликвидиран во близина на Цетиње

Милош Ѓуричковиќ (56), кого црногорските служби го поврзувале со Шкаљарскиот клан, бил убиен утрово во Бајице, кај Цетиње.

УБИЕН НАВОДНИОТ ВОДАЧ НА ЦЕТИЊСКИОТ ОГРАНОК НА ШКАЉАРСКИОТ КЛАН: Милош Ѓуричковиќ ликвидиран во близина на Цетиње

Милош Ѓуричковиќ (56), кого црногорските безбедносни служби претходно го поврзувале со Шкаљарскиот клан, утрово бил убиен во местото Бајице, во близина на Цетиње, соопшти Управата на полицијата. Црногорските медиуми со години го опишувале како наводен водач на цетињскиот огранок на оваа криминална група, поврзана со долгогодишните судири во Црна Гора. Неговото име било познато и на полицијата и на правосудните органи поради повеќе истраги и судски постапки.

Пред два месеца Милош  бил ослободен од обвиненијата за шверц на дрога

На 22 септември годинава, Ѓуричковиќ бил ослободен со неправосилна пресуда од обвиненијата дека заедно со уште неколку лица организирал криминална група која наводно планирала шверц на дрога вредна околу пет милиони евра. Вишиот суд во Подгорица тогаш оценил дека изведените докази не ги потврдуваат обвиненијата на Специјалното државно обвинителство. Според обвинението, групата била формирана во 2017 година, а нејзините цели наводно вклучувале трговија со дрога, незаконско поседување оружје и извршување тешки кривични дела.

Се споменувал и во истрага за убиство во Херцег Нови

Во април 2023 година, Ѓуричковиќ повторно завршил во истражен затвор, откако Вишиот суд ја прифатил жалбата на Специјалното државно обвинителство. Неговото име се споменувало и во истрагата за убиството на Шќепан Рогановиќ во Херцег Нови во 2020 година. Тогаш истражителите се сомневале дека му помогнал на сторителот по убиството, но Ѓуричковиќ ги негирал таквите наводи.

Жан Митрев