Регион

ТРАГЕДИЈА ВО СОЛУН: починал 21-годишник по пад од Белата кула

21-годишен маж починал во Солун по пад од Белата кула. Бил пренесен во болницата АХЕПА, но и покрај медицинската помош им подлегнал на повредите.

ТРАГЕДИЈА ВО СОЛУН: починал 21-годишник по пад од Белата кула
photo - CeeGee - wikipedia

21-годишно момче вчера починало во Солун, откако паднал од Белата кула, едно од најпознатите историски обележја на грчкиот град. Според информациите објавени од „Екатимерини“, инцидентот се случил околу 11:35 часот, по што на местото пристигнале полициски службеници и медицински екипи. Мажот бил пренесен во Универзитетската болница АХЕПА, но и покрај укажаната медицинска помош, подоцна починал. Според првичните информации, при пристигнувањето на медицинските екипи тој бил свесен, но имал сериозни повреди. Околностите под кои се случил падот засега не се целосно утврдени, а надлежните служби работат на расчистување на случајот.

Белата кула – симбол на Солун

Белата кула се наоѓа на градскиот кеј, покрај Егејското Море, и е висока 33,9 метри. Изградена е во 16 век, за време на владеењето на Сулејман Величествениот, на темелите на постара кула од византискиот период. Во минатото служела како тврдина и затвор, а во неа биле затворани и мачени и македонски револуционери и борци.

Од „Крвава кула“ до музеј

Поради својата историска улога, објектот во минатото бил познат и како „Крвава кула“, назив кој подоцна бил забранет од османлиските власти. Денес Белата кула функционира како музеј и претставува еден од најпрепознатливите симболи на Солун.

кула
photo – CeeGee – wikipedia
ОЗНАКИ: солун
Жан Митрев