Хроника

ГО ЗАПАЛИЛ ВОЗИЛОТО НА МАЈКА МУ: Приведен 28-годишен скопјанец од Чаир

28-годишен скопјанец е приведен под сомнение дека го запалил автомобилот на мајка му во Чаир и се заканувал дека ќе го запали и станот.

ГО ЗАПАЛИЛ ВОЗИЛОТО НА МАЈКА МУ: Приведен 28-годишен скопјанец од Чаир

28-годишен скопјанец е лишен од слобода под сомнение дека го запалил возилото на својата мајка, а потоа се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат. Како што информираат од МВР, инцидентот се случил на 19 ноември, околу 5:50 часот, на подрачјето на Чаир. Осомничениот А.Ф. бил приведен во 6:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ од полициски службеници на СВР Скопје. Според пријавеното, тој опожарил автомобил „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка.

Се заканувал дека ќе го запали и станот

Покрај палењето на возилото, 28-годишникот се сомничи дека ѝ се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат. Случајот е пријавен во полиција, по што осомничениот бил лишен од слобода.

ОЗНАКИ: мвр Чаир
Жан Митрев