Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА: Граѓаните бараат правда за жртвите на насилство и одговорност од институциите
Протест пред Владата против фемицидите и родово базираното насилство. Мајката на Емилија од Битола сведочеше за насилството и изостанатата институционална заштита.

Протест против фемицидите, родово базираното насилство и институционалните пропусти во заштитата на жените се одржа пред Владата, во организација на иницијативата „Ниту една повеќе“. Учесниците упатија пораки „Мал престап жени убива, брат“ и „Кој ви даде право да нè убивате“, а извикуваа и „Сите за една, една за сите“ и „Жени, живот, слобода“. Порачаа дека нема да престанат да бараат правда и одговорност од надлежните институции. На блокадата се обрати и Бети Ангеловска, мајка на Емилија од Битола, која зборуваше за насилството низ кое поминувала нејзината ќерка и за изостанатата институционална заштита. Таа посочи дека осомничениот поднел пријава против Емилија, тврдејќи дека таа го нападнала него.
Политичари и претставници на локалната власт меѓу присутните
Меѓу присутните на протестот беше Моника Зајкова, претседателка на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието. На протестот присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Протест по нападот врз 26-годишната охриѓанка
Протестот следува по случајот со 26-годишната жена од Охрид, која изминатиот викенд била претепана од својот 31-годишен партнер. Против него е поднесено обвинение за три кривични дела, а судот му одредил 30-дневен притвор.
View this post on Instagram

