Хроника

Почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски

Почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски

По кратко боледување, денеска на 63-годишна возраст почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски, познат како Бошко Ремис. Илоски е роден на 23 јануари 1963 година и долги години успешно се занимаваше со градежништво преку својата фирма „Ремис“. Покрај градежниот бизнис, тој беше активен и во туристичкиот сектор. Семејниот бизнис на Илоски опфаќа хотели и угостителски објекти, меѓу кои и познатиот комплекс „Инекс“. Бошко Илоски ќе биде погребан задутре на градските гробишта во Охрид на 24 ноември, вторник, со почеток во 12:30 часот. Нашата редакција, 24 часа, упатува искрено сочувство до неговото семејство, роднините и пријателите.

Жан Митрев