Македонија

ЗАКАНИ ЗА НОВИНАРОТ КРИСТИЈАН ЛАНДОВ: ЗНМ бара итна истрага

Новинарот Кристијан Ландов добил закани преку Фејсбук по епизода на подкастот „Претрес“. ЗНМ бара итна истрага и одговорност.

ЗАКАНИ ЗА НОВИНАРОТ КРИСТИЈАН ЛАНДОВ: ЗНМ бара итна истрага

Новинарот Кристијан Ландов добил закани по живот преку социјалните мрежи, по што случајот го пријавил во Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Според информациите, заканите се поврзани со неодамнешната епизода на неговиот подкаст „Претрес“, во која се зборувало за семејство од Охрид кое се пожалило на постапувањето на полицијата. Една од заканите, објавена во коментар на Фејсбук, гласи: „aj malce namali (…) da ne ti lizni kolata a mlado dete si“.

Заканите биле упатени од два профила на Фејсбук

Од ЗНМ информираат дека заканувачките пораки биле објавени во коментари на Фејсбук од два различни профила. Здружението остро ги осуди заканите, оценувајќи дека ваквите напади врз новинарите претставуваат сериозен удар врз слободата на изразување и безбедноста на медиумските работници.

ЗНМ бара институциите итно да реагираат

Од ЗНМ побараа надлежните институции итно да го истражат случајот и да ги идентификуваат лицата кои ги упатиле заканите. Здружението инсистира на соодветна институционална реакција и утврдување одговорност за ваквите постапки.

Жан Митрев