Регион
Дознај прв
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА НА 27 ДЕКЕМВРИ: Студентската листа веќе го избрала својот кандидат
Александар Чупиќ најави дека претседателските избори во Србија ќе се одржат на 27 декември. Студентската листа веќе го избрала својот кандидат.

Претседателските избори во Србија ќе се одржат на 27 декември, а одлуката за нивно распишување треба да биде донесена најдоцна до 26 ноември. Ова го потврди Александар Чупиќ, претседател на српското Собрание и вршител на должноста претседател на државата, во гостувањето во емисијата „Впечаток на неделата“ на телевизијата Н1. Чупиќ оцени дека изборите требало да бидат распишани многу порано, посочувајќи дека тоа претходно требало да го направи Ана Брнабиќ, која ја извршуваше функцијата вршител на должноста претседател.
Чупиќ: Изборите ќе се одржат на 27 декември
„Изборите требаше да бидат распишани многу порано. Тоа требаше да го стори претходниот вршител на должноста, госпоѓата Ана Брнабиќ. Изборите треба да се распишат најдоцна до 26 ноември и ќе се одржат на 27 декември“, изјави Чупиќ. Тој ја презеде функцијата вршител на должноста претседател по изборот за претседател на Собранието на Србија.
Студентската листа веќе има кандидат
Чупиќ потврди дека таканаречената Студентска листа веќе го избрала својот кандидат за претседателските избори. Тој рече дека го знае името на кандидатот, но засега не може јавно да го соопшти. Според него, граѓаните треба да имаат доверба во квалитетот на процесот на донесување одлуки во рамките на студентското движење.

