Свет

ХАКЕРИ УПАА ВО МРЕЖАТА НА ЦИА И АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ: Пристапиле до не класифицирани податоци

Хакери пристапиле до не класифицирани податоци во мрежата на ЦИА и ODNI. Американските власти велат дека критичните и класифицираните системи не биле погодени.

ХАКЕРИ УПАА ВО МРЕЖАТА НА ЦИА И АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ: Пристапиле до не класифицирани податоци
photo - wikipedia

Хакери упаднале во компјутерската мрежа на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI), при што пристапиле до одредени податоци кои не се класифицирани, пренесува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Нападот ја зафатил мрежата што се користи за собирање и анализа на разузнавачки информации од јавно достапни извори, вклучително и интернетот и комерцијалните бази на податоци. Засега не е познато до кои конкретни информации пристапиле хакерите, ниту дали биле компромитирани податоци на други американски владини агенции.

Потврден е упадот во ЦИА , но не и пристап до класифицирани информации

Од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за „Ројтерс“ потврдиле дека немало нарушување на критичните системи или на системите што содржат класифицирани информации. Извор запознаен со случајот за „Асошиејтед прес“ изјавил дека нападот не вклучувал класифицирани податоци и дека безбедносниот пропуст е отстранет. ЦИА засега не одговорила на барањето за коментар.

Не е познато кој стои зад нападот

Засега нема информации за идентитетот на хакерите или за мотивите зад нападот. Инцидентот е најнов во низата безбедносни пропусти што ги погодија компјутерските системи на американските владини институции. Неодамна бил пријавен безбедносен пропуст и во Министерството за земјоделство на САД.

ОЗНАКИ: ЦИА
Жан Митрев