Економија
Дознај прв
ВИРАЛНА ОБЈАВА НА СЕДРАК ПРОТИВ СЕТЕК: Лаптоп што пред акција чинел 28.999 денари, на Black Friday (наместо да поевтини) поскапел на 30.999 денари!?

Вирален Фејсбук-статус на геополитичкиот аналитичар Раби Седрак привлече внимание поради тврдења за зголемување на цените во продавниците на СЕТЕК за време на „попустите“ за Black Friday. Седрак објави фотографија и споредба според која одреден лаптоп пред акцијата чинел 28.999 денари, додека за време на Black Friday неговата цена достигнала 30.999 денари. Тоа, според објавата, претставува поскапување од 2.000 денари наместо очекувано намалување на цената. Во статусот тој ја критикува ваквата практика и ја нарекува измама и навреда за здравиот разум.
„Значи неверојатен попуст, плати 2.000 МКД повеќе и добиј бесплатна лекција како да се прави класична превара. Чиста измама и навреда за здрав разум, нешто што не го очекував од фирма на таков калибар“, пишува Седрак.
Објавата предизвика реакции на социјалните мрежи, а тврдењата се однесуваат на конкретниот пример што го посочил аналитичарот. Во коментарите под објавата пак, граѓаните му сугерираат на Седрак ваквиот „попуст“ да го пријави директно во Државен пазарен инспекторат и Организација на потрошувачите на Македонија. Засега, нема реакција од СЕТЕК за овие наводи.
Повеќе околу виралната објава на Седрак за Black Friday може да погледнете од нашата објава на Инстаграм:
View this post on Instagram

