Македонија
Дознај прв
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ЗА АЛТА БАНКА БИТОЛА: Ќе учествуваат на аукцијата на 95,3 отсто од акциите на банката преку Македонската берза

Комерцијална банка АД Скопје донесе одлука да учествува на јавната берзанска аукција на која ќе се продава доминантниот пакет акции на Алта банка АД Битола, поранешна Стопанска банка Битола. Одлуката ја донел Надзорниот одбор на банката на седницата одржана денеска, 19 ноември. Ова е нов обид на Комерцијална банка за преземање на битолската банка, откако претходната понуда во 2024 година не доби доволна поддршка од акционерите. Тогаш понудата за преземање на сите акции ја прифатија акционери со 45,05 отсто од акциите со право на глас, што беше под потребниот праг од 67 отсто плус една акција.
(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: АЛТА БАНКА ЌЕ БИДЕ СПАСЕНА – најдовме купувач, станува збор за банка
Сега на продажба се 372.742 обични акции, односно 95,336 отсто од вкупниот број акции на Алта банка Битола, кои се во сопственост на Алта банка АД Белград, која е во стечај. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година, со почетна цена од 3.777 денари за акција. Продажбата ќе се спроведе по моделот „сè или ништо“, а доколку нема купувач, предвидени се уште шест аукции во декември, со намалување на почетната цена за 10 отсто на секоја следна аукција.
Повеќе прочитајте ТУКА.

