Македонија

ФРЧКОСКИ ДЕНЕС НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ – А во 2008 година неговата сопруга беше обвинета дека влечела жена за коса, додека тој доби пријава за напад на нејзиниот партнер

Љубомир Фрчкоски присуствуваше на протестот против насилството врз жените во Скопје, а неговото присуство потсети на инцидентот од мај 2008 година.

ФРЧКОСКИ ДЕНЕС НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ – А во 2008 година неговата сопруга беше обвинета дека влечела жена за коса, додека тој доби пријава за напад на нејзиниот партнер

Љубомир Фрчкоски денеска беше меѓу присутните на протестот против насилството врз жените и фемицидите во Скопје, организиран по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. Неговото присуство потсети на инцидентот од мај 2008 година, кога беше вмешан во физичка пресметка на паркинг во центарот на Скопје. Тогаш, расправија околу паркинг-место меѓу неговата сопруга Ирена и 24-годишната Катерина Велјановска прераснала во физички инцидент.

Што се случи во 2008 година?

Според тогашните медиумски извештаи и полициски информации, Велјановска тврдела дека била влечена за коса, а во инцидентот се вмешал и Фрчкоски. МВР тогаш поднело прекршочна пријава против него за физички напад, додека неговата сопруга била пријавена за нарушување на јавниот ред и мир. Фрчкоски признал дека му удрил две шлаканици на партнерот на девојката, но негирал дека ја нападнал Велјановска.

Фрчкоски тврдеше дека ја бранел сопругата

Тој тогаш изјавил дека реагирал за да ги заштити сопругата и малолетното дете. Речиси 18 години подоцна, Фрчкоски се појави на протест чија главна порака е борбата против насилството врз жените, што повторно го актуелизираше сеќавањето на настанот од 2008 година.

Жан Митрев