Магазин

МАКЕДОНСКИ ДОКУМЕНТАРЕЦ ИСПИША ИСТОРИЈА: „Приказната за Силјан“ номинирана за две „Еми“

Приказната за Силјан испиша историја како прво македонско филмско остварување со две номинации за престижните награди „Еми“.

МАКЕДОНСКИ ДОКУМЕНТАРЕЦ ИСПИША ИСТОРИЈА: „Приказната за Силјан“ номинирана за две „Еми“

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, оствари историски успех откако доби две номинации за 78. издание на престижните телевизиски награди „Еми“. Станува збор за прво македонско филмско остварување кое е номинирано за овие признанија, што претставува голем момент за домашната кинематографија.

Две номинации за престижните „Еми“

„Приказната за Силјан“ ќе се натпреварува во категориите „Исклучителна вредност во документарното филмско творештво“ и „Извонредна кинематографија за документарна програма“. Втората номинација се однесува на директорот на фотографија Жан Дакар, чиј визуелен придонес е дел од меѓународното признание што го добива филмот.

Нов голем успех за македонската документаристика

Со ова, документарецот го продолжува својот успешен меѓународен пат. Годинава филмот ја освои и наградата од публиката на Cinema Eye Honors, а претходно беше квалификуван и за разгледување за престижната награда „Оскар“. Правата за филмот ги откупи National Geographic Documentary Films, што дополнително ја засили неговата видливост на светската сцена. Свеченото доделување на наградите „Еми“ ќе се одржи на 14 септември во Peacock Theater во Лос Анџелес, додека Creative Arts Emmy Awards се закажани за 5 и 6 септември.

ОЗНАКИ: Силјан
Жан Митрев