Скопје

СКОПЈЕ ПОВТОРНО ЈА ПОКАЖУВА ХУМАНОСТА: Крводарителска акција во Домот на АРМ

Црвениот крст на град Скопје денеска организира традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

СКОПЈЕ ПОВТОРНО ЈА ПОКАЖУВА ХУМАНОСТА: Крводарителска акција во Домот на АРМ

Црвениот крст на град Скопје денеска организира традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Акцијата е посветена и на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажале во најтешките моменти за главниот град. Крводарувањето се одржува во Домот на АРМ, а организаторите очекуваат приближно 150 до 200 дарители.

Во летниот период се намалува бројот на крводарители

Од Црвениот крст посочуваат дека ваквите акции се особено важни во текот на летото, кога поради годишните одмори, патувањата и високите температури се намалува бројот на крводарувања. Потребата од крв, сепак, останува иста, а на здравствениот систем секојдневно му се потребни околу 150 единици крв. Крвта е неопходна за хируршки интервенции, лекување тешко болни пациенти, повредени лица, породувања и други итни медицински состојби.

Дарители пристигнуваат од повеќе градови

На акцијата, покрај граѓани од Скопје, беше најавено учество и на доброволни крводарители од Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Кочани и Крива Паланка. Од Црвениот крст нагласуваат дека е особено важно младите да се мотивираат и да ја продолжат традицијата на доброволното крводарување. Пораката од акцијата е дека една единица крв може да помогне во спасувањето до три човечки животи.

Жан Митрев