Македонија
Дознај прв
ВОЛОНТЕР НА ЦРВЕНИОТ КРСТ УКРАЛ СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО: Удрил во повеќе паркирани автомобили во Гостивар
Осумнаесетгодишен волонтер на Црвениот крст без дозвола зел службено возило во Гостивар и удрил во повеќе паркирани автомобили

Без дозвола го зел службениот „цитроен“
Осумнаесетгодишен волонтер на Црвениот крст бил приведен откако без дозвола зел службено возило и предизвикал сообраќајна незгода во Гостивар. Случајот се случил ноќеска околу 00:10 часот на улицата „Мајор Чеде Филиповски“. Според информациите од полицијата, Е.С. од Гостивар зел службено патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки. Возилото било во сопственост на Црвениот крст, каде што осумнаесетгодишникот бил волонтер.
Возел без возачка дозвола
Додека го управувал службеното возило, младиот гостиварец удрил во повеќе паркирани автомобили. При полициската контрола било утврдено дека тој воопшто не поседувал возачка дозвола. Полициските службеници го лишиле од слобода и го задржале во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
