Македонија
Дознај прв
Кавадарци доби модерен градски базен – денес официјално пуштен во употреба
Со инвестиција од околу еден милион евра од унгарскиот кредит, целосно е реконструиран градскиот базен во Кавадарци, кој доби нови базени, тобогани и спортски содржини.

Целосно реконструиран базенскиот комплекс
Со инвестиција вредна околу еден милион евра, денеска официјално беше пуштен во употреба целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци. Средствата биле обезбедени преку вториот јавен повик на Владата, односно од унгарскиот кредит, како грант за Општина Кавадарци. На отворањето присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот Митко Јанчев. Реконструкцијата опфатила обнова на големиот и малиот базен, како и поставување нов систем за филтрација и пречистување на водата.
Нови тобогани, игралиште и детски содржини
Во комплексот се поставени водни атракции, тобогани, детски реквизити и современо игралиште, а обновени се и соблекувалните, санитарните јазли и лекарската просторија. Изградени се и нови пристапни патеки и други придружни содржини. Од Општината велат дека Кавадарци добива модерен спортско-рекреативен центар наменет за сите генерации. Градоначалникот Јанчев истакна дека базенот се реконструира по 40 години од неговата изградба. Премиерот Мицкоски оцени дека запуштениот објект добил нова смисла и содржина, додека Ристовски најави продолжување на инвестициите во спортската инфраструктура.
