Македонија

ПО ЕПИДЕМИЈАТА ВО ГОСТИВАР: Затворени 12 објекти, изречени казни од 7.750 евра

ПО ЕПИДЕМИЈАТА ВО ГОСТИВАР: Затворени 12 објекти, изречени казни од 7.750 евра

Вонредни контроли по труењето на граѓаните

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) затвори 12 објекти и изрече казни во вкупен износ од 7.750 евра по вонредните инспекциски контроли спроведени по епидемијата во Гостивар. Контролите биле извршени во угостителски објекти, продавници и други оператори со храна, со цел да се утврди дали се почитуваат законските прописи за безбедност на храната. При инспекциите биле констатирани повеќе неправилности, поради што биле изречени санкции и донесени решенија за привремено затворање на дел од објектите.

Инспекциите продолжуваат

Од АХВ информираат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, сè до целосно расчистување на причините за епидемијата. Институциите најавуваат дека нема да има толеранција за субјектите кои не ги исполнуваат условите за безбедно производство и промет на храна. Епидемијата во Гостивар досега погоди илјадници граѓани, а надлежните сè уште ги испитуваат сите можни извори на загадување и причините за масовното заболување.

ОЗНАКИ: Гостивар