Скопје

ПО НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Во Градскиот парк ќе бидат засадени 60 нови садници

По силното невреме што го погоди Скопје, во Градскиот парк започнува акција за засадување 60 нови садници јавор и јасен.

ПО НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Во Градскиот парк ќе бидат засадени 60 нови садници

Почна обновата на Градскиот парк

По силното невреме што го зафати Скопје и предизвика големи штети, во Градскиот парк започнува акција за обнова на зеленилото. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека ќе бидат засадени 60 нови садници од јавор и јасен на местата каде што невремето откорнало дрвја.

Тој посочи дека орканските удари на ветерот оставиле последици врз паркот, при што биле оштетени голем број дрвја и урбаната опрема.

„Ова е само почеток“

Ѓорѓиевски истакна дека новите садници ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената површина. Според него, ова е само почеток на поширока акција за обновување на Градскиот парк со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини.

Паралелно, екипите продолжуваат со расчистување на штетите низ целиот град, а градоначалникот порача дека секое паднато дрво ќе биде заменето со ново.