Магазин

КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА НОБ ВЕЧЕРВА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“: Концерт во „Света Софија“

Камерниот оркестар на НОБ вечерва од 21 часот ќе настапи во црквата „Света Софија“ во рамки на 66. издание на „Охридско лето“.

КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА НОБ ВЕЧЕРВА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“: Концерт во „Света Софија“

Концертот почнува во 21 часот

Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва ќе настапи во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот. Оркестарот ќе настапи под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. На програмата се дела од познати светски, но и од македонски композитори.

Наде Талевска ќе настапи како солист

Публиката ќе може да ги слушне „Хризантеми“ од Џакомо Пучини и „Едноставна симфонија“ од Бенџамин Бритн. На програмата е и делото „Salve Regina“ од Џовани Батиста Перголези, на кое како солист ќе настапи сопранот Наде Талевска. Ќе бидат изведени и дела од македонските автори Ристо Аврамовски, Драган Шуплевски и Дамир Имери. Камерниот оркестар на НОБ е формиран во 2010 година и зад себе има настапи на повеќе значајни фестивали во земјава и во странство. Бисера Чадловска повеќепати настапувала на „Охридско лето“, а од 2022 до 2024 година била музички селектор на фестивалот.